Ренгенска Перцепција ( Созерцание ) не нужно во Премудроста но нужно во Мудроста

5,000.00 ден

Колекција: Уметност
Контакирајте не доколку имате посебна желба за изработка од некој светител, цртеж, портрет или друга слика.
Се изработува со уникатна пастел техника.
Димензиите се стандардни 50×70.
Ценaта е 5000 денари вклучувајќи целосна стаклена рамка. Наша препорака е за целосна нарачка бидејќи по пат на Карго ако не е во рамка може пастелот да се уништи.

За изработка, потребни се 10 дена.

Телефони за контакт: 078 – 849 – 708; 076 – 200 – 813

Опис

Уметноста создавана во периодот на Византија, одбележана со периодично заживување на класичната естетика, пред се била одбележана со развојот на нова естетика.

Најизразена особина на оваа нова естетика била нејзината “апстракност,” или неприроден карактер. Ако класичната уметност била означена со обид да се создадат претстави кои ја имитирале реалноста колку што е можно поблиску, византиската уметност го напуштила овој обид во корист на посимболичниот приод.

Византискиот хуманизам претставува интензивна творечка активност, приближувајќи се кон својот зенит и манифестирајќи една впечатлива аналогија. Византискиот хуманизам верува во виталноста на класичната цивилизација, во нејзините науки и уметности, и ги воздигнува нивните чисти научни и креативни достигнувања. Византискиот хуманизам не отстапува од Догмата ( Столбот – Дрвото ). Тој воопшто не отстапува од Канонот. Едноставно е флексибилен ( непредвидливо променлив во одредени закони ) за чист компромис во вечната борба, жртва и должност ( Разгрнувачко Предание ) во рамките на духовноста, имагинацијата, творештвтото, науката, уметноста, медицината итн.