март 5, 2018

Како да нарачам?

За да направите нова нарачка потребни се следните неколку лесни чекори кои треба да ги направите. Следете го овој туторијал и без тешкотии купувајте на првиот македонски онлајн шоп.

Чекор 1

Вие се наоѓате на почетна страна на нашиот веб шоп. Прв чекор што треба да го направите е да го одберете производот кој сакате да го купите. Со притискање на името на производот ќе ве однесе на чекор 2.

 

Чекор 2

Во овој чекор потребно е да го притиснете копчето “Кошничка” со кој ќе го ставите вашиот производ во кошничка.

По притискање на копчето кошничка, на екранот ќе ви се појави известување на кое пишува дека производот е успешно внесен во кошничката и можете истиот да го купите.

Откако ова известување ќе го видите слободно притиснете на копчето кошничка кое ќе ве однесе на чекор 3.

 

Чекор 3

Во чекор 3 се наоѓате во вашата кошничката. Од овој прозорец имате преглед на досегашните производи кои сте ги одбрале за да ги купите.
Следен чекор е притискање на копчето “Продолжи кон наплата” кое ќе ве однесе на чекор 4 кој е и последен чекор.

 

Чекор 4

Во чекор 4 се наоѓате на последниот дел каде што треба да ги пополните полињата со бараните генералии како име презиме телефонски број адреса и така натаму.

Откако сите полиња ќе бидат пополнети, потребно е да притиснете на копчето “Направи нарачка”, со што вашата нарачка ќе биде забележана од нашиот систем и истиот ќе ни ипсрати известување. По завршувањето на нарачката, ќе бидете контактирани од нашиот тим за менаџмент на веб шопот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *